Услови за користење на Telefoni порталот

Со овие услови и правила овозможено Ви е користење на услугите и содржините од TELEFONI.COM.MK порталот односно користење на сите страници од TELEFONI.COM.MK порталот и сервиси кои припаѓаат на доменот Telefoni.com.mk.Со прифаќањето на овие услови и правила се подразбира дека сите корисници во секој момент се запознаени со условите за користење и во целост ги разбираат и прифаќаат.

Telefoni.com.mk на своите корисници им нуди пристап до мноштво различни интернет сервиси и содржини. Telefoni.com.mk го задржува правото да ги укине или да го промени изгледот, содржината и условите за користење на TELEFONI.COM.MK порталот како и на сите сервиси и подстраници кои се составен дел на TELEFONI.COM.MK порталот без никакви обврски за претходна најава. Telefoni.com.mk не одговара за било каква штета настаната поради тие промени.

Со прифаќање на овие услови за користење корисникот се согласува услугите на TELEFONI.COM.MK да вклучуваат реклами, известувања и слични пораки на Telefoni.com.mk за редовно информирање на посетителите на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на TELEFONI.COM.MK. Telefoni.com.mk во целост се откажува од секаква одговорност која на било кој начин може да настане од или на било кој начин, а е во врска со користење на TELEFONI.COM.MK порталот за било какво работење на посетителот употребувајќи или злоупотребувајќи ги содржините на TELEFONI.COM.MK порталот, и за било каква штета која може да се случи на посетителот или било која трета страна поради употреба или злоупотреба од користењето на содржините на порталот TELEFONI.COM.MK.