Најди телефон

Рецензија

 
Објавено на 2012-02-13 14:39:25

HTC Explorer: Почеток на едно патување

Вовед

Уште од Aria, HTC во Android гледаа најдобар претставник на интерфејсот, а исклучок не е ниту Explorer. Со ниската цена, малата големина и скромните перформанси, телефонот ќе им излезе во пресрет на корисниците кои сега почнуваат со мобилната телефонија.

Explorer е изработен од мека пластика што ви дава чувство по малце и на гума кога го држите. Тоа дури може ќе ве натера да помислите дека е отпорен на удар, но не се лажете – е!

Освен неговата компактна големина и убавиот интерфејс, Explorer и нема некои други работи за фалење, но ние ќе ви го претставиме како што, па вие одлучите сами:

Предности

• Поддршка за Quad-band GSM и tri-band 3G
• 3.2 LCD екран со HVGA резолуција од 320 x 480 пиксели
• Snapdragon S1 MSM7227A процесор на 600MHz и 512MB RAM меморија
• Android 2.3.5 (Gingerbread) with HTC Sense 3.5 UI
• Камера од 3 мегапиксели со фиксен фокус
• microUSB port (плус полнење) и Bluetooth
• microSD мемориска картичка (до 32GB)
• Wi-Fi 802.11 b/g/n
• GPS применик со A-GPS
• Стерео FM радио со RDS
• Вграден accelerometer и сензор за близина
• Стандарден 3,5 мм аудио и microUSB приклучок
• Поддршка за многу видео формати
• Паметно и гласовно бирање
• Поддршка за Adobe Flash
• Одличен аудио квалитет
• Брзо подигнување на системот

Недостатоци

• Бавен процесор
• Камера со фиксен фокус
• Нема прегледувач на документи
• Нема втора камера за видео повици
• Слабо опремен пакет



Со кутијата добивате

HTC Explorer доаѓа во многу скромен пакет – само телефон-апарат, полнач и microUSB кабел. За жал, нема да наидете на слушалки, па ако имате некои постари, слободно искористете ги.

Дизајн и дисплеј

Explorer има 3.2 инчен LCD дисплеј со HVGA резолуција (320 x 480 пиксели). Не е најјасниот екран, но аглите на гледање се одлични за неговата класа. Контрастот понекогаш знае да не се покаже како најдобар кога го гледате од страна, но не е до толку лош.

Над екранот се наоѓаат сензорите и звучникот, додека под него се наошѓаат четирите познати копчиња: Дома, Мени, Назад и Пребарувај.



На левата страна од Explorer се наоѓа microUSB портот (незаштитен) за полнење и пренос на податоци, додека на десната страна се наоѓаат копчињата за звукот кои малку потешко се притискаат.

На врвот од телефонот ќе ги најдете аудио приклучокот и копчето за вклучување/заклучување. Во задниот дел од телефонот се сместени логото на HTC и камерата од 3 мегапиксели. А, ако го отстраните задниот дел, односно маската, се отркива батерија од 1230 MAh за која HTC ветува 485/445 часа на мирување и 7 и пол часа на разговор.

Под батеријата се наоѓаат слотовите за SIM и microSD картичките.



Интерфејс

HTC Explorer доаѓа со Android 2.3.5 Gingerbread и HTC Sense, v3.5. Sense интерфејсот кај Explorer нуди многу опции за приспособување, што му дава посебен „шмек“, но малиот и не толку добар интерфејс помалку може да ви ја расипе „сликата“.

Но, еве како тоа изгледа:



Екранот за заклучување кај HTC е една од најинтересните и најприспособливи новини тука. На пример, има екран за заклучување поврзан со галеријата на слики, така што кога е заклучен телефонот се вртат различни слики од галеријата и тоа во 3D. Другите основни екрани се „пријатели“ со најнови статуси од социјалните мрежи на вашите контакти, екран за временската прогноза која има интересни анимации.

HTC Sense има уште една опција за приспособување наречена „Кожи или теми  (Skins)“. Секоја од овие теми има посебен изглед за копчињата, за апликациите, за менијата и други промени – а, да не заборавиме дека секоја тема има своја позадина и музика.



Основна галерија со Facebook

Апликацијата „Албуми“ автоматски ги лоцира сликите и видејата, каде и да се на телефонот. Сликите и видејата го добиваат името на фолдерот, веднаш по нивното ставање во него.

Споделувањето на слики кај HTC Еxplorer е едноставно – одете на копчето „сподели“ и одберете го вашиот начин на споделување – од Bluetooth или емаил, до постирање на Facebook, Twitter или страни за споделување на слики како Picasa и Flickr.

Исто така, можете да прикачувате видеја директно на YouTube.



Музички и видео плеер

Најголемната новина се двете големи копчиња на екранот – паѓачко мени за „My Library/DLNA media servers“ и  „Categories“. Стандардниот преглед на библиотеката е преглед по изведувач, албум, жарн или плејлиста.

Во галеријата, исто така, се крие и подфолдер со име „мои видеја“ каде можете да пристапите до видео клиповите на телефонот – нема посебна апликација за жал.

Плеерот, поддржува многу формати, иако не и MKV. Дури може да се пуштат и одредени HD видеја. Во однос на квалитетот, плеерот без проблем пушта видеа од 720p WMV и MP4 формати.

Видео фајловите може да се споделат преку MMS, емаил, YouTube, Facebook и Flickr и др.



Камерата дава пристојни слики

HTC Explorer има камера од 3 мегапиксели со фиксен фокус која нуди резолуција од 2048x1536 пиксели. За жал нема блиц, како кај Wildfire S на пример.

Интерфејсот за неа е многу едноставен и ефикасен. Поголемиот дел од контролите се наоѓаат на десната страна, додека на средина од екранот имате виртуелно копче за сликање. На левата страна се наоѓаат копчињата за мени, ефекти и преглед на направените слики.

HTC Explorer има геотагирање, а фиксниот фокус е одличен за детекција на лица – односно повеќе ако сакате сами да си направите слика и да ја прикачите на некоја социјална мрежа.



Веб-пребарувачот поддржува Flash видеа

HTC Explorer го има најновиот пребарувач од Android 2.3 Gingerbread декориран со Sense UI 3.5. Сепак, Explorer има многу мал екран кој, искрено, и не е баш погоден многу за сурфање, иако е одличен за проверување на маил или што има ново по социјалните мрежи.

Пребарувачот влегува во целосен екран кога ќе отвори некоја страна и на располагање ги имате копчињата назад и освежи. А кога и малку ќе зголемите, дури и тие копчиња исчезнуваат.

Интересно е што HTC Explorer нуди целосна поддршка за Flash , но плеер треба да инсталирате рачно. Тоа значи без проблем пуштање на YouTube видеа од 480p.

Добар прегледувач на Office документи

HTC Explorer има интересни апликации, но нема инсталирано прегледувач на Office и PDF документи. Затоа ќе треба да се потрудите малку на Android Market.



Заклучок

Кога првично ќе ги слушнете перформансите на HTC Explorer малку ќе се разочарате. Но, процесорот од 600MHz и тоа како ќе ве изненади – тој е доста подобар и побрз од „машината“ кај Wildfire S.

Explorer особено изненадува со Flash поддршката која е одлична и за видео клипови и за игри – особено 3D Android игри.

Останатиот дел од софтверот и хардверот се покажаа просечни. HTC Explorer разочарува само во две полиња – сиромашен пакет (освен полнач ништо друго) и камерата, но што повеќе да се очекува од обичен телефон наменет за почетниците.

Ако не ви се допаѓа Explorer имате две варијанти, HTC Wildfire S или стариот, но уште популарен LG Optimus One P500. Тие имаат сличи и подобри перформанси, но нивниот софтвер е постар од Explorer.,

Кажете ни што мислите за него – овде.

Владимир Ѓуров

Тагови: HTC Explorer, Android, Edge, Aria
    Прати на пријател
    Принтај
    Врати се назад
  • TELEFONI.COM.MK
  • Поврзете се со Телефони Facebook Twitter X
    Види ги спецификациите на телефонот: