Објавено на 2012-02-11 19:42:41
HTC Wildfire S
Вовед
Оригиналниот Wildfire одигра голема улога во преставувањето на Андроид на луѓето. По многу прифатлива цена за разлика од другите телефони од неговата компанија. Во нашата рецензија извршивме комплетно тестирање бидејки го имавме телефонот на располагање и можеме да ви кажеме дека одлично изгледа. За повеке детали прочитајте повеке.
Што добивате со кутијата
HTC Wildfire S
полнач
слушалки
microUSB порт
документација
.jpg)
Дизајн
Wildfire S ја носи истата формула која ја имаше и неговиот претходник а тоа е помал дизајн кој ке се вклопи во рака, кој е тенок а и има одличен екран. Неговиот 3,2 инчен екран продуцира одлични слики со одлична острина кој што дури и во надворешни услови не прави проблеми и сосема добро е видлив. Прво што се забележува се четирите карактеристични Андроид капацитивни копчиња кои се веднаш под екранот заедно со црна рамка која го заобиколува целиот екран. На горната страна ке видите Power копче како и 3.5 мм отвор за слушалки а додека пак на левата страна има копче за повишување/снижување на гласот како и microUSB порт. На задната страна ке видите 5 мегапикселна камера со LED блиц, звучник а додека пак СИМ картичката како и мемориската картичка се ставаат под батеријата.

Интерфејс и функционалност
Со овој телефон ке го добиете типичното Андроид искуство. Да направиме една брза рекапитулација, дадени ви се 7 Home екрани што можете да си ги местите по ваша мера. Има некои мали промени во перформансите а и имате брзо подесување преку scroll down табот. Исто така тука се и виџетите кои се user friendly и кои навистина можат многу да ви помогнат како на пример мејл, календар итн. Исто така за оние кои се често на социјалните мрежи тука е и Friend Stream кој ви ги апдејтира сите информации од вашиот фејсбук или твитер акаунт. Е сега кога се работи за тастатурата и пишувањето пораки малку е незгодно за луѓе со големи прсти па дури и кога пишувањето е панорамично. Во секој случај лесно ке се навикнете по некое време пишување.

Камера и мултимедиа
Задоволни сме кога ке видиме 5 мегапикселна камера со аутофокус придружена со LED блиц. Со малку задоцнување при сликањето сликите кои се добиваат се одлични и со добри детали. Снимањето на видео е со VGA резолуција па доколку сте перфекциониста нема да ви се допадне како ке испадне снимањето на крајот.
Со помош на microSD картичката можете да ставите и до 32 гигабајти музика. Кога ке размислите лесно ке можете овој уред да го искористите и како MP3 плеер иако пак за гледање видеа поради малиот екран не е баш препорачливо.

Интернет и поврзување
HTC Wildfire S може да ви понуди 3G, Wi-Fi како и Bluetooth. Иако е мал екранот резолуцијата е одлична па пребарувањето е супер и нема да имате никакви проблеми. Пребарувањето се одвива преку Андроид пребарувачот а нормално тука е и Flash подршката. Поврзувањето преку Wi-Fi е беспрекорно а нормално исто таков резултат ке добиете и доколку пребарувате преку мобилен интернет.

Перформанси и заклучок
Добивате 600 MHz процесор кој што работи на Android 2.3 кој многу лесно ке можете да го апдејтирате на 2.5. Исто така тука е и HTC Sense со кој користиме виџети кои се гладни за меморија па понекогаш ке можете да забележите некое задоцнување. Гласот при јавувањето е одличен и немаше никакво изопачување при зборењето со нашите соговорници. Батеријата која ја добивате е со 1230 mAH и со нејзе можете да добиете еден ден на користење на телефонот што е и очекувано.
HTC Wildfire S е мал компактен телефон. Нормално со малиот екран доаѓа и намалена функционалност особено при користење на тастатурата при пишување на пораките. Процесорот при користење може одвреме навреме да задоцни но тука се Gingerbread и Sense заедно со одличниот екран кои надоместуваат за тоа каснење со својот User Friendly интерфејс.

За се она што ве интересира можете да коментирате и да се обратите тука
Пишува: Мартин Јовчевски

Тагови: HTC Wildfire S, HTC, Gingerbread, Friend Stream
- Популарната игра Cuboid достапна во App Store
- HTC конечно ќе помине преку царина
- Stalker App - Апликација за шпиуни
- HTC Bluetooth Music Adaptor – бежична музика за вашиот автомобил
- Киселина во лице за Пакистанките со мобилен