Објавено на 2012-02-10 11:29:30
Asus Eee Pad Slider - конечно поразличен таблет
Вовед
Самата појава на таблетите, ни овозможи да бираме некоја средина помеѓу смартфоните и PC-та. Но, бидејќи повеќето производители не се трудат многу околу дизајнот, и таблетите почнаа да здосадуваат – барем во дизајн. Сите почнаа да си личат еден на друг.
Asus ги слушна желбите и минатата година го претстави интересниот таблет со малку поразличен дизајн Eee Pad Transformer кој не само што има ниска цена, туку и интересено решение со помошна тастатурата.
За среќа, компанијата повторно има интересен производ да понуди, а тоа е Asus Eee Pad Slider. Кај овој таблет, производителот едноставно ја вградил тастатурата, сега таа е на лизгање, за да не се мачиме да ја „мислиме“ за пренос секогаш кога ќе сакаме да работиме на таблетот.
Ајде да видиме што може да ни понуди таблетот.

Со пакетот добивате:
• microUSB кабел
• Полнач
• Прирачник и гаранција
• Уред - таблет
Дизајн
Иако на прв поглед, Eee Pad Slider има сличност со Transformer, сепак при подетално разгледување, тие имаат доста разлики. Како прво, Asus Eee Pad Slider е подебел (17.2mm), потежок (960 грама), т.е. во многу погледи поголем од Transformer и Prime. Таблетот е пријатен за држење и покрај поголемата тежина која ја плаќате со вградена тастатура.
Копчињата, во основа, се истите кои се наоѓаат на повеќето таблети. На располагање имате копче за вклучување, копчиња за регулација на звукот, копче за рачно ресетирање, слот за microSD мемориска картичка, приклучок за полнење и пренос на податоци, miniHDMI порт, 3,5 аудио приклучок и USB порт. На крајот, треба да ја споменеме камерата од 5 мегапиксели на задната страна која има авто-фокус, но не и блиц.
.jpg)
Кога сме кај дизајнот, дефинитно една од најинтересните работи е вградената QWERTY тастатура на лизгање до која се доаѓа со буткање на горниот дел. Штом механизамот се спушти надолу, тој се „заклучува“ цврсто и ја фиксира позицијата благодарение на потпирачот од нерѓосувачки челик и ви овозможува непрекината работа.
Копчињата на тастатурата добро реагираат и лесни се за притискање, иако може да ви треба одредено време да се навикнете на нив бидејќи се релативно помали во однос на стандардните, но ништо пак помали отколку оние на вашиот смартфон.

Дисплеј
Овде ќе го најдете истиот дисплеј кој го има кај оригиналниот Transformer, односно 10.1 инчниот дисплеј со WXGA резолуција од 1280 x 800 пиксели. Како и претходно, се работи за одличен и квалитетен дисплеј со нежни детали, добри агли на гледање, висок-контраст и реалистична репродукција на бои. Исто толку добар е и во надворешна средина.

Интерфејс
Бидејќи Asus Eee Pad Slider е веќе некое време на пазарот, не сме изненадени што доаѓа со Android 3.2.1 Honeycomb, без разлика колку да сме навикнати во последно време да го гледаме Ice Cream Sandwich кај новите уреди. Но, ништо страшно, најавено дека и овој таблет брзо ќе го добие „сладоледот сендвич“
Слично на другите таблети со Honeycomb, тој доаѓа со многу опции за персонализација и корисни видгети и позадини. Но, од друга страна, освен посебните апликации на Asus, и нема некои поголеми поромени.

Исто така, освен физичката тастатура на таблетот, имате и виртуелна тастатура за пишување, да речеме, на пократки пораки или внесување некои основни и кратки податоци.

Процесор и меморија
За брзината кај овој уред се грижи дво-јадрениот процесор NVIDIA Tegra 2 на 1,2GHz кој се комбинира со 1GB RAM меморија и овозможува феноменални карактеристики. Одлично се справува со сите анимации и апликации, а нема поголеми проблеми и со анимираните позадини, иако се забележува некое минимално задоцнување при овие позадини, сепак ништо страшно.
16GB внатрешна меморија наведени во проспектот, се испоставија дека се всушност 12.63GB, но за среќа, неговиот слот за microSD картички е расположен за капацитет до 32GB.

Интернет и конекција
Во однос на сурфање на интернет, таблетот покажува слични резултати како и неговите „роднини“, значи нема проблем со отворањето на покомплексни страници, а исто така, подобро се снаоѓа и со Flash содржина.
Кога се работи за виртуелно поврзување, на располагање ги имате Wi-Fi конекцијата, aGPS у Bluetooth 2.1 со EDR.

Камера
За жал, камерата (како и што се очекува од таблетите) не е на завидно ниво. Точно има 5 МП и авто-фокус, но не е ништо посебно. Боите и понатаму се малку бледички, а исто така слаба е и при услови на мала осветленост. Што се однесува до снимањето на видеа од 720p, немојте ни многу да се трудите, бидејќи ве чека истата приказна.

Мултимедија
Хм, што би можеле да кажеме повеќе за стандардниот плеер во Honeycomb. Ќе се повториме дека нис е допаѓа 3D интерфејсот кога „сурфаме“ низ албумите, но освен тоа, не е ништо посебно. Во однос на аудио, звукот на таблетот е одличен и не грчи при какви било комплексни звуци, сепак тоа го „компензира“ со тоа што не е нешто особено силен.
На филмо-видео-маните ќе им биде мило што таблетот без проблем пушта MPEG-4 видеа при резолуција од 1920 x 1080 пиксели кои изобилуваат со одлични детали и прецизни бои. Сепак, обичниот плеер не поддржува DivX или Xvid формати, но има многу други плеери на Android Market кој може да го заменат.
Иако мило ни е што има video-out порт во форма на miniHDMI, сепак многу побообичаен е miniHDMI портот и можеби би завршил поголема работа.

Батерија
Asus Eee Pad Slider несомнено ќе го ценат сите, но особено оние кои поминуваат многу време работејќи на него – што и да е тоа. При направените тестови, таблетот издржува цел ден на „салам“ мачење, односно цел ден работејќи, а истовремено искористувајќи му ги сите ресурси како пуштање видеа, сурфање на нет, слушање музика, пишување пораки итн, за вечерта да ви останат уште 40% батерија за користење. Значи без проблем ќе издржи уште половина ден, ако продолжите со истото темпо.
А, ако сте од оние кои не го оптеретуваат многу таблетот, немате мака.
.jpg)
Заклучок
Еве како стојат работите. Ако немате проблеми да носите малку потежок уред со вас секој ден, тогаш Asus Eee Pad Slider е одлично решение за вас. Да не зборуваме што е единствениот таблет на пазарот кој доаѓа со вакво решение за тастатурата.
480 долари, или (како што наслушнавме) 350 евра во Европа, не се многу ако се земе предвид кои перформанси ги добивате, како и фактот што не ви треба дополнителна тастатура за него.
Во секој случај Asus Eee Pad Slider е одличен таблет со одлични перформанси и многу малку недостатоци.
Кажете ни што мислите вие за него ТУКА.
Владимир Ѓуров

Тагови: Asus Eee Pad Slider, Eee Pad Transformer, Optimus
- Популарната игра Cuboid достапна во App Store
- HTC конечно ќе помине преку царина
- Stalker App - Апликација за шпиуни
- HTC Bluetooth Music Adaptor – бежична музика за вашиот автомобил
- Киселина во лице за Пакистанките со мобилен