Најди телефон

Рецензија

 
Објавено на 2012-02-04 18:07:35

Google Nexus S

Google Nexus S

Google Nexus S

Амбициозната природа на Google доведе до излегување на уште еден одличен телефон наречен Google Nexus S кој е изработен од Самсунг. Овој уред носи нова технологија во себе која што нуди целосно а воедно и непрекинато искуство на Android платформите.

Што добивате со кутијата

Google Nexus S
Полнач
Слушалки
microUSB кабел
Документација



Дизајн

Барајки уникатен телефон кој нема да биде во никоја смисла сличен телефон овој уред како да потсетува на Samsung Galaxy Sпа дури и по малку и на хардверската страна. Гледајки од страна овој телефон има како малку закривен дизајн а додека пак пластичното тело го прави многу лесен.
Во меѓувреме неговиот 4 инчен Super AMOLED дисплеј дефинитивно го прави подобар. Неговиот екран е со многу висока еволуција прави очите да ви се топат додека го гледате. Тачот е одличен, од сите агли екранот добро се гледа а и исто така би ви се нашол доколку треба да осветлите соба. Веднаш над дисплејот има 0.3 мегапикселна предна камера. Нормално под дисплејот ги има карактеристичните Андроид копчиња. Самсунг исто така ги додал и копчињата за повишување/снижување на гласот како и Power копчето на левата и десната страна а додека пак отворот за слушалки и за microUSB се сместени на долната страна. На задната страна ја има 5 мегапикселната камера заедно со LED блицот веднаш до неа. Нормално тука се наоѓа и звучникот.



Интерфејс

Можеби дизајнот не му е баш најсилен фактор (а можеби и е) ова е првиот телефон кој работи на 2.3 Gingerbread. Исто така треба да се спомне дека оваа платформа ке биде поткрепена со 1GHz процесор како и 512 RAM меморија. Како и кај сите други телефони можете почетниот екран да си го направите по ваша потреба со разни виџети и фолдери. Се на се нема нешто посебно што некој друг телефон што може да ви го даде но може да заприметите посебност во некои анимации како и менување на бои. Исто така тука е и способноста да се споделува со други уреди со помош на Wi-Fi или USBшто е навистина згодно.



Именик

Именикот е нешто кое што малку па дури и незабележливо се приметува. Позитивното е што има многу детали кои можете да ги вметнете за секој контакт од именикот од број па се до мејл адреси. Исто така има интегрирано и можност да го следите апдејтот на статусот на фејсбук или твитер на определена личност. Е сега пак доколку сакате да запишете некој нов број секогаш ке морате да се вракате на почетниот екран каде што потоа ке ви се отворат нови дополнителни табови.



Пишување пораки

Кога се работи за тастатурата тука е понудена карактеристичната Android тастатура. Поблиску сте до броевите кои сега се дел од првиот ред со што се смалува потребното време за пишување. Иако буквите можеби се мали сепак големината на екранот прави да пишувањето оди без проблем и без правење на грешки. Респонзивноста е одлична а додека пак го свртите телефонот панорамично тогаш тастатурата станува уште поголема и немате никаков проблем во пишувањето. Исто така тука треба да се спомне и мејлот кој е многу лесен за местење всушност како и кај секој Android телефон.



Поврзување

Нема да згрешите вобирањето на телефонот доколку ви е потребен интернет кој ке биде брз и лесен за поврзување. Неизбежно треба да се спомнат одличното Wi-Fi како и Bluetooth кој работат одлично. Пребарувањето по интернет е солидно затоа што за многу брзо време пушта повеке комплексни сајтови од еднаш а одлично одговара и мултитачот кај овој телефон.

Камера

Недостасувајки посебно копче за камерата од страна таа треба да се пушти по барањето низ менито. Одкако ке ја пуштите ке го најдете карактеристичниот интерфејс за Андроид кој нема многу опции туку само оние основните а исто така треба да се спомне дека нема тач фокус. Изненадувачки тој не вади добри слики со својата камера па ентизујастите за камера нема да бидат задоволни па ке бараат решенија на друго место. Тука е и LED блицот кој некако како по малку да ја вади камерата кога се слика во темница. Овој телефон не би го препорачале за луѓе кои сакаат да снимаат HD видеа бидејки нема да видите ништо спектакуларно при снимањето.



Мултимедиа

И тука ке го сретнете карактеристично Андроид искуство кои при гледањето ке приметите 3D анимации. Интересното е што има опција да се слика директно од Facebook и директно да се постави сликата а додека пак овој телефон не може да се пофали со опции за едитирање на сликите туку само нешто основно. Кога се работи за плеерот за музика нема некој големи подобрувања или пак сменети анимации туку се си е исто а додека пак звучникот може да се пофали со добра острина при емитирањето на звук. Е сега нешто за што треба да се пофали е плеерот на видеа кој пораид големината на екранот дури и најсложените видео ги пушта без никакво запирање и со многу добра острина.



Перформанси и Заклучок

Овој телефон изобилува со квалитет при јавувањето а тоа може да се потврди дури и кога е пуштено на спикерфон а додека пак сигналот останува мирен и не прави никакви пречки. Батеријата од 1500 mAh часови е сосема добра и добро издржува со перформансите на телефонот со што може да издржи до 1,5 ден при нормално користење. Овој телефон е сеуште популарен од причина што тој беше еден од првите кои донесе нови технологии и нови изуми. Дизајнот е интересен но сепак кога се работи и за него и за некои хардверски способности нема некои посебни одскокнувања.



Сите прашања кои сакате да ги прашете можете да ги поставите тука

Пишува: Мартин Јовчевски

Тагови: Google Nexus S, SAMSUNG NEXUS S I9020A, Google, Android Gingerbread
    Прати на пријател
    Принтај
    Врати се назад
  • TELEFONI.COM.MK
  • Поврзете се со Телефони Facebook Twitter X
    Види ги спецификациите на телефонот: