Kyocera Echo
Помина долго време одкако не сме виделе некаков уникатен продукт особено на хардверската страна. Барајки да се усоврши во играта Kyocera го престави телефонот со два екрани Echo. Echo има два 3.5 инлни дисплеи подржани со 1 GHz Snapdragon процесор и Android 2.2.
Што добивате со кутијата
- Kyocera Echo
- 8GB microSD картичка
- microUSB кабел
- Полнач
- Резервна батерија
- Документација

Дизајн
Па како го направиле тоа? Како тој се претвара од телефон со еден екран во телефон со два екрани. Има еден вид на метално ,, стапче '' кое ги поврзува двата екрани. Полесно е да се види одколку да се објасни па видете во сликите што следуваат.

Држењето на овој телефон може да ви биде малку тешко затоа што е лизгав но благодарение на неговата задна страна кој има вдлабнувања држењето оди полесно. Кликот кој го слушате додека ги отварате двата екрани е заразен па може да во стане навика често да го правите тоа. Секој дисплеј има Home, Menu и Back копче кои се наоѓаат веднаш под екранот но само едни се активни. Една забелешка е што би било подобро доколку копчињата би биле хоризонтални кога се пуштени двата екрани. Левата страна на Echo е полна па одгоре надолу ке најдете: microSD слот, Power копче, копче за повишување/снижување на гласот и microUSB отвор. Десната страна е дел од механизмот па не може да се искористи. На задната страна има 5 mp камера со LED блиц како и звулникот. Ова е новост но сепак не е многу за импресионирање. Иако екраните се супер сепак големината ке ве потсети на некој стар телефон.

Интерфејс и функционалност
Echo работи на Android 2.2 па искуствотот е уште поголемо кога ке го ставите на два екрани. Интересна работа е тоа што кај Echo можете да имате пуштено две апликации одеднаш и секоја ке работи засебно на посебен екран. На пример вие сте на интернет и ви стига порака па го отварате вториот екран и си пишувате порака додека на првиот сеуште сте на интернет. Штом ке завршите ве прашува дали сакате апликацијата да ја пуштите на двата екрани а и исто така можете да ги менувате апликациите помеѓу екраните. Галеријата на пример ви ги дава сите слики на долниот екран а ви ја пушта сликата што сте ја одбрале горе. Интересно е додека пишувате порака а ви треба некој број на вториот екран едноставно да го побарате. Сега се планираат апликации кои ке ја искористат предноста на двата екрани. е сега проблемот е што некогаш работи супер а некогаш знае да забави. Исто така се случува и кога ке го смените користењето на еден екран екранот да си стои подолго во хоризонтална положба иако сте си го смениле. Веројатно тоа ке се смени со апдејтирање на нов софтвер

Интернет и поврзување
Echo има хардвер кој му дозволува да се натпреварува со телефоните од високата класа. Брзините на пребарувањето се големи без разлика дали користите 3G или Wi-fi. Пребарувањето е уште поинтересно кога сте на двата екрани. Мал проблем е што пребарувачот не подржува Multitouch но за среќа има други пребарувачи кои го подржуваат па лесно ке се снајдете.

Камера и Мултимедиа
Нема некоја разлика кога слушате музика на овој телефон но интересното е кога гледате видеа. Се е супер но проблемот е рамката помеѓу двата екрани која како некако да ја прекинува сликата па малку како да нервира. Бидејки цената на овој телефон е доста голема камерата за таа цена е многу мала и некако не е баш во ред за овој телефон. Прв проблем е долгото време на сликање(скоро 3 секунди). Кога ке сликате ке видите дека сликите некако се матни поради долгото време потребно за сликање. Дури и кога ке успеете да сликате добро сликите па и не се баш одлични кога ке споредиме со другите телефони за таа цена. Исто така и при 720р снимање со камерата може видеото да ви закочи. Се надеваме дека сите овие проблеми ке се надминат со апдејт за софтверот.

Перформанси и Заклучок
Јавувањето не е баш квалитетно затоа што звукот како да се менува при зборењето. Батеријата е лоша но при два екрани како и да не е. Во секој случај тука доаѓа корисна втората батерија. Има многу интересни работи кај Echo само треба да се истражат и треба да се даде едно големо браво за производителите. Кога еднаш ке се навикнете на двата екрани работата ке ви оди одлично а и пребарувањето на интернет на двата екрани е ново искуство. Се надеваме дека ке излезат многу нови апликации кои ке ја искористат предноста на овој телефон. Се на се телефонот е одличен но едноставно не може да се вклопи.
Сите прашања и коментари можете да ги пишувате тука
Пишува: Мартин Јовчевски
- Популарната игра Cuboid достапна во App Store
- HTC конечно ќе помине преку царина
- Stalker App - Апликација за шпиуни
- HTC Bluetooth Music Adaptor – бежична музика за вашиот автомобил
- Киселина во лице за Пакистанките со мобилен