Објавено на 2012-01-20 09:55:17
Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus: Игра на продолженија
Apple на светот му го даде таблетот. Samsung на светот му го даде изборот. Сепак, не е баш едноставно само помеѓу iPad и Galaxy Tab. Речиси секој произиводител на смартфони има и свој таблет. Но, независно дали сакате таблет со дизајн по желба или екран по желба - Samsung ќе ви излезе во пресрет.
За потсетување, компанијата прво го понуди Samsung P1000 Galaxy Tab. Таблет со едно-јадрен процесор и Android Froyo, и горе-долу, тоа нуди таблетот. Затоа Galaxy Tab 7.0 Plus и тоа како има со што да се пофали и да го испрати P1000 Galaxy во пензија. Потенката и полесна надградба доаѓа со речиси двојно поголема моќ и работи на верзија на Android, Honeycomb 3.2 правена за таблет.
Galaxy Tab 7.0 Plus е еден од главните таблети кај Samsung (заедно со Galaxy Tab 7.7) кој го користи чипсетот Exynos кој го произведува Samsung – дво-јадрен ARM Cortex-A9 процесор и Mali-400MP графичка картичка. Ајде да видиме што друго ќе понуди Galaxy Tab 7.0 Plus.
.jpg)
.jpg)
Предности
• Поддршка за Quad-band GSM и tri-band 3G
• 7 инчен LCD екран со WSVGA резолуција од 1024 x 600 пиксели
• Тежи 345 грама
• Дво-јадрен ARM Cortex-A9 процесор на 1.2GHz и 1GB RAM меморија
• 16/32 GB вградена меморија
• Android 3.2 Honeycomb with TouchWiz UX UI
• Камера од 3,2 мегапиксели со автофокус
• Втора камера од 2 мегапиксели
• microSD мемориска картичка (до 32GB)
• HDMI TV-out
• Wi-Fi 802.11 b/g/n
• Bluetooth v3.0
• GPS применик со A-GPS
• Стерео FM радио со RDS
• Adobe Flash 11 support
• Вграден accelerometer и сензор за близина
• Стандарден 3,5 мм аудио и microUSB приклучок
• Поддршка за многу видео формати
• Паметно и гласовно бирање
• Поддршка за Adobe Flash
• Инфрацрвен порт
Недостатоци
• Најмалиот екран со најниска резолуција кај Samsung таблетите
• Една од најслабите батерии.
.jpg)
.jpg)
Што добивате со кутијата?
Пакетот на Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus не носи некои големи изненадувања. Освен самиот апарат, во кутијата ќе наидете на USB кабел, дводелен полнач и слушалки.
Дизајн и дисплеј
Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus има 7.0 инчен PLS LCD дисплеј со резолуција од
1024 x 600 пиксели. Ова во превод значи одличен квалитет на слика, јасни бои и контраст, барем во затворена средина. На отворено, ќе почувствувате мало избледување на боите, но во ниту еден момент нема да ве засени дневната светлина и да ви го уништи работењето.
Во поглед на дизајнот, таблетот се ослободил од аглестите страни на неговиот претходник за да биде 2 мм потенок. Сè на сè, тој има цврст дизајн, но не и гломазен – пријатен за држење. Таблетот нема хардверски контроли во предниот дел. Тоа прави лесно да се разликува од оригиналот, кој има четири копчиња под дисплејот.


На врвот од уредот ќе ги сретнете 3,5 мм аудио приклучокот и секундарниот микрофон. Одејќи надолу, Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus е сличен на iPad. Го користи истиот 30-pin конектор за полнење и преност на податоци, додоека двата звучници се од по страните на приклучокот.
На левата страна од таблетот се наоѓаат слотовите за SIM и microSD картички (покриени со пластичен поклопец), додека на десната страна ќе го сретнете копчето за вклучување/завклучување, копчињата за контрола на звукот и инфрацрвниот порт кој во комбинација со инстралирана апликација Peel Smart Remote се користи за таблетот да се претвтори во голем далечински управувач за повеќе намеени.
Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus го напојува Li-Ion батерија од 4000 mAh која со просечна оптеретеност на таблетот издржува 63 часа. Тоа опфаќа еден час на телефонски повици, сурфање на интернет и гледање видео содржина.
.jpg)
.jpg)
Интерфејс
Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus работи на последната верзија на Android направена специјално за таблети, Honeycomb 3.2. А врз сè тоа, доаѓа интефејсот TouchWiz. Тука има некои мали промени, но немојте да очекувате функционалност како кај смартфоните на Smasung. Погледнете и сами како тоа изгледа:
Создаден специјалано за таблети, интефејсот на Honeycomb се ослободуба од типичните контроли на Android кој ги гледаме кај смартфоните. Копчињата за навигација се наоѓаат на левиот долен агол од основниот екран: Назад. Дома и „менувачот“ меѓу апликации.
Кратенката за пребарување се наоаѓа горе-лево, додека „орманот“ со апликации се наоѓа горе-десно, а областа со известувања ќе ја најдете во долниот десен агол.


Интересна галерија во Honeycomb
Сликите можете да ги подредувате по албум, датум, локација или ознака. Исто така, можете да бирате помеѓу гледањето на видео и слики.
Горниот денес агол нуди многу опции, кратенки до камерата, детали за сликата или дополнителни опции.
Галерија кај Galaxy Tab 7.0 Plus е стандардно Android-ска во поглед на функционалноста, но приспособена за голем екран. Се разбира, вашите Picasa веб албуми автоматски се синхронизираат со таблетот.
.jpg)
.jpg)
TouchWiz музички интерфејс
Samsung го благословил Galaxy Tab 7.0 Plus со музички плеер во облик на целиот TouchWiz интерфејс, што има поубав интефејс од обичниот музички плеер кој доаѓа со Android.
Сега можете да ги подредувате песните по албум, изведувач, жарн, фолдери, композитор или година, а имате и плеј листи.
За оние со огромни колекции на музика, добродојдена ќе им биде опцијата за пребарување на песни, додека пак оние со префинет аудио слух, ќе ги ценат разните еквалајзери дополнети со неколку звучни ефекти како концертна сала, музичка јасност итн.
Камерите си ја вршат основната работа
Главната камера носи 3.15 мегапиксели и прави видеја од 720p, додека втораѕа камера има 2 мегапиксели и прави VGA видеја, особини кои кога ќе земеме предвид дека се работи за таблет и не се така лоши.
Секако, најмногу ќе ги користите камерите за видео чет и други слични намени, поретко за сликање – за тоа имате смартфон или дигитален апарат.
Во поглед на функционалност и квалитет, тие се типични за камери со толку мегапиксели – значи ништо феноменално, но за основно фотографирање се добри.
.jpg)
Одличен пребарувач
Веб-пребарувачот е уште едно поле кое е многу важно за таблетите, а Galaxy Tab 7.0 Plus и тоа како си го сфаќа сериозно и доаѓа со одличен пребарувач.
Тука табовите се наоѓаат на горниот дел од дисплејот, како и кај десктоп пребарувачите. Полето за вметнување на адреси и полето за пребарување се вклчени во едно поле, типично за Android – уште еден плус за таблетот.
Околу поддршката за Flash 11 – Galaxy Tab 7.0 Plus без проблем пушта видеа од 360p, 480p и 720p videos и тоа директно во пребарувачот. А, истото се однесува и на flash игри.
.jpg)
.jpg)
Организаторот има сè
Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus, заедно со својот Polaris Office нуди интересни и функционални апликации. Тој има навистина интересен интефејс збогатен со 3D ефекти, а служи и како внатрешен пребарувач на фајлови.
Со Polaris Office можете да прегледувате секаков вид на документи, презентации, PDF фајлови и слично. Голем плус тука е и поддршката за печатење.


Google Maps и ограничена навигација
Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus доаѓа со GPS приемник кој наоѓа сателити за помалку од две минути, иако тоа можете да го забрзате со A-GPS.
Веќе претпоставувате колку интересна може да биде навигацијата на толку голем дисплеј особено кога ќе го земеме предвид фактот дека Google Maps ги имате на располагање, но нив сме ги прегледале илјада пати и затоа тука ќе ги изоставиме.
Заклучок
Секое време си има свои хероји. Па така, кога излезе Samsung Galaxy Tab беше многу добар според мислењето на многумина, но како да му недостасуваше нешто. Но, затоа, по неколку верзии на Android и промени во дизајнот, го имаме еден од најдобрите 7 инчни таблети на пазарот.
.jpg)
.jpg)
Galaxy Tab 7.0 Plus го надградува основниот 7 инчен таблет на Samsung кој очигледно не се помирил со стареењето. Иако на изглед не се гледа таа огромна разлика, сепак софтверџиите кои ќе го ценат преминот од Froyo на Honeycomb ќе „дадат поени“, како и оние на кои дизајнот им е важен, па така потенкиот и полесен дизајн на Galaxy Tab 7.0 Plus навистина ќе ги замисли.
Во однос на недостатоците, таблетот ги задржал просечните батерија и дисплеј од неговиот претходник. Но, ако гледаме чисто по хардверски особини, Galaxy Tab 7.0 Plus има повеќе меморија и посилен процесор од неговиот претходник – во што позитивните страни надвиснуваат над недостатоците.
Што мислите вие за Galaxy Tab 7.0 Plus – дали е достоен заменик на неговиот претходник и дали некој може да го замени Apple iPad? Пишете ни ТУКА.
Владимир Ѓуров
Тагови: Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus, Apple iPad
- Популарната игра Cuboid достапна во App Store
- HTC конечно ќе помине преку царина
- Stalker App - Апликација за шпиуни
- HTC Bluetooth Music Adaptor – бежична музика за вашиот автомобил
- Киселина во лице за Пакистанките со мобилен