Најди телефон

Рецензија

 
Објавено на 2012-01-19 17:57:29

HTC Vivid

HTC Vivid

HTC Vivid е телефон кој ни ја носи следната генерација односно тој подржува 4G. Тој навистина може да ги покаже и искаже способностите кога се работи за 4G а воедно е и поткрепен со одличен хардвер. 

Што добивате со кутијата

- HTC Vivid  
- MicroUSB кабел  
- полнач                                                                                                                                                                                                      - документација со упатсво за употреба


 

Дизајн

Веднаш штом ке го видите телефонот ке ве потсети на HTC Evo 3D затоа што во некои црти потсетува на него. Покрај пластичната екстериерност тој е доста тежок кога ке го држите во рака. Сепак овој телефон е доста силен затоа што позади е направен од нерѓосувачки челик. Не претставува некоја новост туку само подобрување на веке постоечките дизајни. За телефон кој е со 4.5 инчен qHD S-LCD екран ке видите дека доста добро стои во рака. Деталите на екранот се многу добри но не до таа мера на HD. Дури и гледањето под некој агол е многу добро што претставува уште една добра карактеристика. Исто така вреди да се спомене дека на предната страна освен карактеристичните Android копчиња тој има и 1.3 mp камера.На левата страна ке најдете само MicroUSB порт, позади ке ја видите 8 мегапикселната камера до два LED блица, горе го има Power копчето и отворот за слушалки и на десната страна ке го видите делот за повишување/снижување на гласот.




Интерфејс

Продолжувајки го трендот со двојадрениот процесор тој нуди 1.2 GHz Qualcomm Snapdragon процесор кој е подржан со 1 GB RAM. Поради јачината на процесорот тој може да се справи со секоја задача. Сепак може да се забележи мало задоцнување при обавување на некоја задача но тоа не е ништо. Неговата платформа достојно го претставува HTC во вистинското светло. Не е нешто ново за некој кој го знае Android но сигурно ке го цените се она што може да ви го понуди Gingerbread како и HTC Sense 3.0. Од сето користење на виџети па до користењето на различните типови на заклучување Sense искуството ни покажува зошто е еден од најдобрите User Friendly интерфејси. 




Функционалност

Нема ништо ново кога се работи за Sense искуството па всушност тоа е истото што можеме да го видиме кај HTC Amaze 4G и HTC Evo 3D. Организирачките апликации се многу функционални со своите понуди кога се работи за календарот, калкулаторот, часовникот, времето како и гласовниот снимач. Со повеке место за мрдање на прстите пишувањето пораки е одлично со оглед на тоа дека Android тастатурата е доста голема. Таа е една од најдобрите тастатури затоа што се она што ви е потребно можете да го најдете на главниот екран а и плус е многу респонзивна. Без разлика дали користите HTC mail или Gmail ке видите дека и двете се многу корисни најпрво поради големиот екран кој може да ви прикаже многу детали а ви ја намалува потребата да зумирате. И нормално процесот на местење на мејлот не може да биде полесен кој навикнавме да го гледаме кај HTC телефоните.




Камера

Камерата е една од најаките адути на телефонот затоа што имате многу различни ефекти да додавате и едноставно да си ,, играте '' како што сакате. Кога ке го погледнете интерфејсот на камерата ке ја видите десно онаа карактеристична колона како и специфичното копче за сликање. Исто така со самото користење на телефонот ке приметите дека има најразлични ефекти од типот на портрет,пејзаж па се до мануелно местење на контрастот како и острината на сликата. HTC Vivid сака да се докаже со својата 8 mp камера со автофокус. Сепак во надворешни услови примероците се добри но не одлични. Но доколку сакате да сликате макро фотографии ке ве изненади што се овој телефон може да понуди. Исто така сликањето во темно е добро со оглед на тоа дека е потпомогнато од двата LED блицови. 1080 p снимање видео звучи добро но не кога ке го видите на дело. Интересната работа е што видеото може да ви прикаже успорена снимка.




Мултимедиа 

Гледајки го карактеристичниот музички интерфејс ке забележите дека нема ништо ново туку дека се си останало непроменето. Гласот кој го добивате е просечен но има различни промени во острината доколку ги приклучите слушалките. Пуштањето видео не претставува проблем за овој телефон затоа што е потпомогнат од неговиот дисплеј кој неверојатно ги преставува деталите а исто така тука е и процесорот кој не дозволува да има никакво забавување бо вршење на задачите. Овој телефон доаѓа со 8.8 GB меморија која ке ви биде повеке од доволна но доколку и тоа не ви е доста имате место за microSD картичка до 32 GB. 



Интернет

Кога се работи за интернетот ова е телефон кој подржува 4G и не треба да се каже повеке. Одлично се справува и со пуштање на комплексни сајтови а и зумирањето е сосема добро. Според некои тестирања овој телефон може да стигне и до download до 12 mbit/s. Не треба да се заборават и Wi-fi поврзувањето како и подржување на Hotspot.

Софтвер

Ако сакате да имте комплетна контрола над вашиот уред ке согледате дека HTC Vivid ке ви го овозможи токму тоа со помош од HTC Sense кој лесно преку својот сајт HTCSens.com ке ви понуди најразлични видови на интересни апликации,теми итн а исто така ке најдете и интересни апликации веке инсталирани на телефонот како на пример Need for Speed Shift.



Перформанси

Очигледно квалитетот при јавувањето не е една од јаките страни на HTC Vivid но барем не е ужасно но звучникот е многу силен па вади многу јак глас што кога ке го пуштите на најсилно дури и малку го изопачува звукот, но од друга страна тој има одлично поврзување со мрежата. Батеријата е добра односно нуди околу 12 часа при нормална употреба но ја намалува таа јачина кога ке почне да работи на 4G.

Заклучок

Знаејки дека има многу смартфони на пазарот HTC Vivid како да е малку изгубен па изгледа дека ке трае кратко на пазарот, најпрво затоа што нема некоја голема реклама позади него а нуди доста многу за својата цена. Сепак не се плашете да го додате HTC Vivid на вашата листа на посакувани уреди пред се затоа што има убав дизајн подржан со јаки хардверски перформанси.

Се што сакате можете да коментирате тука 
 

Тагови: HTC Vivid, HTC, Vivid, Android, Sense 3.0
    Прати на пријател
    Принтај
    Врати се назад
  • TELEFONI.COM.MK
  • Поврзете се со Телефони Facebook Twitter X
    Види ги спецификациите на телефонот: