Најди телефон

Рецензија

 
Објавено на 2012-01-15 21:01:48

Galaxy Nexus-Optimus LTE кој има подобар дисплеј?

Galaxy Nexus-Optimus LTE кој има подобар дисплеј?

Вовед
 
Полека поминува времето на фалбите од типот кој има повеќе мегапиксели или пиксели. Сега HD дисплеите ќе бидат следната најважна тема – затоа подгответе се на време.
 
Во пресрет на тоа ви претставуваме два смартфони со „HD“ ознака - Samsung Galaxy Nexus и LG Optimus LTE.
 
И двата имаат големи керани - 4.65 инчен кај Nexus и 4.5 инчен кај Optimus – а и двата имаат густина на пиксели над 300ppi, границата над која почнуваат да ви солжат очите.
 
Сепак, тие се од два различни света. LG Optimus LTE ја користи стандардната матрица од три подпиксели за AH-IPS LCD дисплеите (т.е. True HD IPS), додека Galaxy Nexus има матрица од само два подпиксели за неговиот Super AMOLED дисплеј.
 
И двата телефони имаат со што да се пофалат, но сè тоа убаво ќе го разгледаме.
 
Квалитет на сликата на екранот
 
Што го го сочинува квалитетот на сликата? Големината, резолуцијата и густината на пиксели се поважните елементи, но тука се и рендерирањето на боите, осветлувањето и контрастот. Исто така, значаен аспект се и аглите на гледање и рефлексијата во отворена средина.

 
Густина на пикселите и острина
 
Како што кажавме, и двата телефони имаат слична големина. Тоа значи 7% во корист на Nexus, но по цена на густина на пикселите - 316ppi наспроти 326ppi за Optimus LTE. 
 
Сепак, тоа не е сè – екранот на Samsung Galaxy Nexus има само две третини од вкупните подпиксели на LG Optimus LTE. Тоа ја намалува острината на сликата, а може да страда и рендирањето на боите.
 
Иако тоа не е некој голем проблем, сепак ако се загледате одблиску има веројатност да го забележите. На пример, кривите линии кај екранот на Nexus изгледаат малку запчести, додека тоа нема да го видите кај Optimus LTE. 
 
Сепак, преработката на сликата во галеријата изгледа придонесува за оваа разлика. Галеријата кај LG обично покажува остри слики. И галеријата кај Nexus прави одредено изострување, но не до тој степен.
 
И ова не е некоја пресудна работа која ќе ја забележите доколку немате одредени информации, сепак AH-IPS LCD дисплејот Optimus LTE има предност тука.

 
Осветлување и контраст
 
Кога се работи за осветлување, уште една победа за Optimus. И на ова поле Galaxy Nexus тука изостанува, но овој пат многу. Проблемот е што екранот на Galaxy Nexus изгледа бледо дури и при највисок степен на осветленост.
 
Рендерирање на боите и прецизност
 
Рендерирањето на боите е област каде AMOLED дисплеите обично се многу добри и затоа Galaxy Nexus навистина нуди живи бои, така што не треба да се грижите за прекумерна сатурација. Samsung телефоните со TouchWizz обично имаат опција за рендерирање на боите, но тоа не е достапно кај Galaxy Nexus.
 
Optimus LTE нуди попрецизни бои. Intertek, меѓународна компанија за сертификати, ја измери прецизноста на AH-IPS дисеплите и откри дека се три пати попрецизни (тоа значи дека бојата која се прикажува е три пати помала од оригиналната боја) отколку Super AMOLED Plus дисплејот кај Samsung Galaxy S II.
 
Постои уште еден фактор кога сме кај прецизноста на боите – температура на боите. Super AMOLED дисплејот покажува потопли бои, додека AH-IPS е поблиску до белата боја. LG има нешто што се нарекува Mobile Graphics HD технологијата, која ги контролира боите – и изгледа дека убаво работи.

 
Агли на гледање
 
Аглите на гледање обично се поле на кое AMOLED дисплеите победуваат и Galaxy Nexus не е исклучок. Доаѓа до минимална промена на боите, но контрастот останува ист.
 
IPS се обидува да ги поправи тие проблеми кај обичните LCD екрани и 4.5 инчниоѕ AH-IPS дисплеј на Optimus LTE е еден од најдобрите примери. Телефонот можете да го гледате од кој агол сакате, но сликата останува иста. 
 
Сè на сè, што се однесува до аглите на гледање, и двата телефони се одлични.
 
Рефлексија
 
Рефлексијата на телефонот на надворешната светлина има големо значење. Таа дејствува врз контрастот, бидејќи светлината се одбива од екранот. Иако премногу силна сончева светлина ќе ги порази и двата телефони во овој поглед, сепак Samsung Galaxy Nexus се држи подобро од Optimus. Неговиот дисплеј рефлектира значително помалку светлина.
 
Еве видео кое ги покажува телефоните во надворешна средина:
 


Заклучок
 
Високо-квалитетните AMOLED дисплеи беа непобедливи во квалитетот на слика. Богатите бои и аглите на гледање само придонесуваат за тој квалитет.
 
Сепак, LG ќе успее да ве предомисли. 4.5 инчнот AH-IPS дисплеј кај Optimus LTE одлично се справува со слабите точки на LCD технолофијата и го победува Super AMOLED дисплејот во повеќе наврати.
 
Најголема предност е осветлувањето, а ништо помалку успешна е подобрата сатурација и рендерирање на боите.
 
Super AMOLED дисплејот кај Samsung Galaxy Nexus нуди подобри агли на гледање. Исто така, има подобра рефлексија на сончева светлина во отворени средини. 
 
Сепак, многу е тешко да се заклучи кој екран е подобар, само врз база на тестови. За квалитетот на екранот придонесува често и софтверот на телеонот.
 
Плус тоа, ниту AMOLED екраните ниту LCD екраните се еднакви кај сите телефони. Има телефони со AMOLED екрани посветли од Galaxy Nexus и LCD екрани со подобар котнраст од LG Optimus LTE. Но, тие пак екрани изостануваат во други полиња. Затоа, секогаш гледајте да го извлечете максимумот од сите полиња.
 
Кажете ни што мислите за оваа споредба, ОВДЕ.
 
Владимир Ѓуров

Тагови: Galaxy Nexus, Optimus LTE, АMOLED, LCD
    Прати на пријател
    Принтај
    Врати се назад
  • TELEFONI.COM.MK
  • Поврзете се со Телефони Facebook Twitter X
    Види ги спецификациите на телефонот: