Најди телефон

Рецензија

 
Објавено на 2012-01-13 18:55:42

Motorola Droid Razr

Порано телефоните кои што беа базирани на Android оперативен систем беа реткост а додека пак сега нив можеме да ги видиме во изобилие како излегуваат секој ден или секоа недела.Спојувајки две големи имиња доагаме до една комбинација која што можеме да кажеме дека претставува совршенство.Од една страна Моторола ја продолжува серијата на одлични телефони од кои бевме фасцинирани - Motorola Razr а од друга страна тука е и Android. Освен убавиот дизајн овој телефон подржува и 4G има SuperAMOLED екран како и двојадрен процесор. Да видиме што се овој телефон што може да направи.

Што добивате сo кутијата

- Motorola Droid Razr
- microUSB кабел
- полнач
- упатство
- документација 




Дизајн

Тотално менување на играта. Со овој дизајн Моторола конкурира за еден од најдобрите дизајни на мобилни телефони. Овој телефон е тенок само 7.1 милиметар правејки го еден од најтенките телефони на маркетот а исто така влегува и во конкуренцијата за најлесни телефони.Овој телефон е изграден дел од нерѓозувачки челик како и фибер влакна кој можат да абсорбираат вода кои што овој телефон делумно но не целосно го прават отпорен на вода. Не е прв пат да се види дека телефон на Моторола е со 4.3 инчен qHD екран но она што е ново е дека има SuperAMOLED екран наместо карактеристичните LCD. Со овој екран се она што ке го гледате ке биде јасно и остро.Иако е екранот многу добар кога ке излезете надвор и на сонце ке морате да го покривате со рацете за да можете да гледате појасно.Типично за Android 2.3 телефон на долната страна ке видите 4 копчиња:Search, Back, Home, Menu а микрофонот е многу блиску до Menu копчето. На горната страна над екранот пак има 1.3 mp камера а над неа ке го видите логото на моторола изгравирано со алуминиумски акцент. На десната страна ке видите копче за исклучување/вклучување како и копче за повишување/снижување на тонот. На левата страна има отвор за сим и за мемориска картичка. На долната страна нема да видите ништо а додека пак на горната страна има кабел за HDMI, кабел за microUSB приклучок и 3.5 mm отвор за слушалки. 8 мегапикселната камера, блицот како и звучникот се сместени во испакнувањето кое е сместено најгоре на задната страна. Интересна работа е тоа што задната страна за батеријата на овој телефон не се отвара така што сим картичката како што спомнавме и претходно се става од левата страна.

 


 

Интерфејс

За да ги надмине сите претходни Droid телефони Моторола овој телефон го опреми со 1.2 GHz двојадрен процесор кое е мало подобрување од процесорот на Bionic а исто така телефонот е спакуван и со 1 GB RAM меморија. Се на се овој телефон е многу брз во неговото оперирање од отварање апликации, зумирање и при ставње на ,,живи'' позадини. Сепак во некои случаи се забележува мало задоцнување кое не е долго и нема да ви смета. Иако овој уред има појак процесор нема некоја поголема брзина од неговите претходници.Прво што ке го забележите кај овој телефон е специјалната тема наречена ,, MOTOBLUR '' која ја имаме видено и кај претходните генерации. Да ова е убав интерфејс кој што ке ви го задржи вниманието со неговите 3D анимации и транзиции. Виџетите кои ги ставате се доста добри а транзицијата која се покажува додека ги менувате панелите си кажува самата дека е направена со искуство.Ако ги сакате социјалните мрежи ке ви се допадне телефонот затоа што има убави 3D анимации кои прават така да кога ги гледате постовите на пријателите дури и се гледа позадината на екранот.Мotorola Droid Razr функционира на Android 2.3.5 Gingerbread но Моторола соопшти дека ке има апдејт за 4.0 Ice Cream Sandwich на почетокот на 2012.



Пишување пораки

Со голем диплеј пишувањето оди лесно. Уште кога ке ја додадете тастатурата со црна тема на SuperAMOLED екран дава еден нов свеж изглед. Дали ке пишувате со класичната Android тастатура или пак со Swype и во двата случаи ке оди лесно и без многу напор. 



Камера и мултимедиа

Бидејки го има истото MOTOBLUR искуство како и DROID 3 и DROID BIONIC нема нешто посебно ново кај камерата. Доминирајки на поголемиот дел од интерфејсот се добива идеја што и како се слика. Исто така има и дополнителна страна на лизгање со која можете да пристапите до дополнителни алатки. Неговата 8 mp камера е многу слична како и таа на DROID BIONIC. Во надворешни и сончеви услови дава добра просечна слика со мала белина која ја има дури и при сликање во внатрешни услови. За срека LED блицот кој што го има може да поправи дел од неправилностите во сликањето со што ја прави сликата добра но не одлична. Доколку ви е потребна камерата за секојдневна употреба тогаш совршено ке ги задоволи потребите но доколку ви е потребна за нешто посебно ке бидете разочарани. Освен сликањето да видиме како оди и HD снимањето. И тоа е просечно па по малку и разочарува и нема да го добиете она што го очекувате од 1080 p HD камера. Кога ке го гледате клипот што сте го снимале на компјутер ке видите дека камерата не може да извади добри детали.


Е сега малку да се осврнеме на мултимедијата.Овој музички плеер има конвенционален приод со неговите презентации при пуштањето на музиката. Сепак убаво е да се видат 3D анимации при пуштањето на музиката како и при барањето низ листите. Многу интересна и добра страна е тоа што дури оди музиката на екранот можете да го гледате и текстот што овој телефон може да се користи и за еден вид на караоке.Звучникот е повеке концентриран на острината на музиката а помалку на гласноста но доколку сакате можете да го менувате звукот со помош на подесување на equaliser. Доколку сакате често да пуштате клипови тогаш на овој SuperAMOLED екран тие ке се презентираат неверојатно па на долги патувања овој телефон може да ви биде добар пријател. За уште поголема сатисфакција тука е и HDMI кабелот кој што ви дозволува зголемено да си ги гледате омилените видеа. Доаѓа со 8 GB интерна меморија кој што доколку ви е малку можете да ја зголемите со microSD до 32GB.



Интернет и Софтвер

Droid Razr не се срами да ја покаже својата силна страна кога се работи за пребарувањето по интернет. Во зависност од вашата локација можете да достигнете и брзина за upload/download од 10Mbit/s со оглед на тоа дека телефонот подржува 4G а исто така и Wi-Fi, Bluetooth како и aGPS. Во целост пребарувањето е одлично без разлика дали е зумирање на текстовите или пак скролување. 


Моторола многу се потрудила кога се работи за софтверот.На пример тука е MotoCast кој всушност е базиран на Cloud технологијата и ви помага да разменувате фајлови со поврзан компјутер. А доколку сакате да имате контрола на се околу вашиот телефон тука е Smart Actions кој всушност помага на целиот уред да ви стане дигитален помошник.На пример кога ке стигнете дома тој според GPS локацијата ке знае дека сте дома па според тоа вие како сте му ,, наредиле '' тој ке испрати порака некому. Или пак кога сте во кола тој се поврзува со Bluetooth технологијата па според тоа тој можеби нема да одговара на повиците дури сте во колата или пак ке ви пушти некоја плејлиста дури се возите со што допридонесува до еден друг вид на искуство.



Перформанси 

Прво што треба да се пофали е одличниот прием и сигнал при јавувањето па доколку често правите муабет ке бидете повеке од задоволни. Иста јачина и острина има и кога зборувате на слушалките како и кога зборувањето е на спикерфон. Батеријата е многу добра со 1780 mAh која којзнае како ја собрало во толку мала кутија. Сепак доколку го користите телефонот често нема да бидете задоволни со ,, животот '' на батеријата. 




Заклучок 

Се на се Motorola Droid Razr е навистина добар уред кој ке се запамти за долго и кој покажа една друга уште подобра страна на Моторола. Во време кога сме преплавени од смартфони Motorola Droid Razr успева некако малку да се воздигне и да покаже малку поинаков аспект од оној кој го знаеме од Моторола покрај тоа што е опремен со најнова технологија која го става околу врвот. Нормално не е најдобар во сите категории како на пример снимањето видео и траењето на батеријата но може да се покаже во други категории како на пример кај софтверот. Колку и да ни се допаѓа Galaxy Nexus заради ICS без паника затоа што апдејтот за овој уред ке излезе набрзо. Иако цената е малку голема самиот хардвер и софтвер си кажуваат дека за телефон од ваква бранша тоа не е ништо затоа што ова е извонредно парче технологија кое што дава вистинска смисла за тоа што е смартфон.

Тагови: Motorola Droid Razr, Motorola, Droid Razr, Android, MotoCast
    Прати на пријател
    Принтај
    Врати се назад
  • TELEFONI.COM.MK
  • Поврзете се со Телефони Facebook Twitter X