Најди телефон

Апликации

 
Објавено на 2012-02-08 20:21:54

Пристигна Google Chrome Beta за Android

По многу гласини и „чаршиски муабети“ сега и официјално пристигна Chrome Beta за вашиот смартфон со Android OS.

Пребарувачот е речиси исто толку ефикасен како во неговата верзија за PC со сите тие анимации и предности. Страните се отвораат брзо, а сега имате можност да снимате веб-страници за offline читање.

Новина е тоа што освен синхронизацијата на одбележувачите и историјата, Chrome сега ги синхронизира и отворените таблети (и целосната нивна историја на тој таб) од desktop-от на вашиот мобилен, како и да праќате веб-страни од компјутерот на телефонот.

Сепак, не е сè така розово како што изгледа. Момнетално Chrome е достапен само за уредите со Android 4.0 (ICS), а не се знае дали ќе биде наскоро достапен и за другите верзии.

Но, има една дилема. А, тоа е: кога ќе пристигне пребарувачот за iOS платформата?

За сите заинтересирани, преземете ја апликацијата од ТУКА.

Тагови: Google Chrome Beta, Android, Google
    Прати на пријател
    Принтај
    Врати се назад
  • TELEFONI.COM.MK
    Поврзете се со Телефони Facebook Twitter X