Поефтини услуги заговара АЕК
Стабилна средина за развој на операторите на пазарот на електронски комуникации и намалување на цените што ги плаќаат граѓаните како крајни корисници, предвидува Стратегијата за работа на Агенцијата за електронски комуникации за периодот 2012 -2016.
Документот е работен во изминатите четири месеци со помош на консултантската куќа „IRAC“ и како драфт верзија е поставен на веб страницата на Агенцијата за електронски комуникации. Ги содржи главните насоки по кои ќе се одвива работата на АЕК и конкретните мерки што ќе се преземат во наредниот период.
На веб страната на агенцијата за електронски комуникации има објавено и коментари на телекомуникациските оператори во македонија, при тоа може да се забележи дека барањето на повеќето оператори е да се формира максимална цена за интерконекциските договори. Со тоа се очекува дека цените на услугите ќе се намалат додека пак месечните надоместоци ќе останат исти. Да се надеваме дека стратегијата ќе биде што побрзо усвоена.
- Chameleon е замена за десктопот кај вашиот таблет со Android
- Samsung бара повеќе Galaxy имиња
- Android апликации на Tizen OS
- WP го надмина iPhone во Кина
- Смартфоните на Sony со нови додатоци
- Nokia Asha 302
- Samsung I9300 Galaxy S III против HTC One X
- HTC One X :телефон со 4 јадрен процесор
- Samsung Galaxy S III
- ZTE Optik – Кинезите не спијат